Фото: Aamir QURESHI / AFP / Profimedia

ВИДЕО: Пакистанскиот премиер 40 минути го чекаше Путин, кој имаше состанок со Ердоган, па му пукна филмот

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф замина приближно 10 минути откако влезе на состанок зад затворени врати меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и ја прекина.

На меѓународен форум во Туркменистан, одржан по повод 30-годишнината од постојаната неутралност на земјата на 12 декември, пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф требаше да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на настанот. Сепак, средбата доби неочекуван тек, пренесе „Ен-ди ТВ“.

Според видео, споделено на социјалните мрежи, Шариф влегол на состанок зад затворени врати меѓу Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако неговата закажана билатерална средба со рускиот лидер била одложена.

Откако чекал 40 минути во соседна просторија заедно со министерот за надворешни работи Ишак Дар, сè понестрпливиот Шариф решил да влезе во салата каде што Путин разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во надеж дека ќе обезбеди барем кратка средба.

Се наведува дека си заминал приближно 10 минути подоцна.

Моментот, снимен со камера, предизвика потсмев на интернет, при што корисници на социјалните мрежи го претставија како дипломатски гаф. Еден корисник на Икс напиша: „Путин не сака да губи време со питачи“, додека, пак, друг коментираше: „И Трамп го правеше истото со овие питачи“.

Самиот форум означи важна пресвртница за Туркменистан, чијашто официјално признаена постојана неутралност, едногласно поддржана од Генералното собрание на ОН на 12 декември 1995 година, ја обврзува земјата да остане надвор од воени сојузи, да избегнува вклучување во конфликти освен во самоодбрана и, воопшто, да забрани странски воени бази на својата територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот