ВИДЕО | Ова е родната куќа на Каролина во Битола, местото крие посебна симболика
Каролина Гочева е горда на својата Битола, а во една прилика е прикажано видео од нејзината родна куќа.
Препорачано
Гочева важи за една од најголемите поп-ѕвезди во Македонија, првите чекори во животот таа ги направила во семејната куќа во Битола. Пред седум години, екипата на емисијата „Ексклузив“, предводена од покојниот новинар Зоран Василевски-Фаци, замина во градот на конзулите за да ни го открие родното место на Каролина.
„Каролина Гочева е родена и израсната во Битола, каде што живее сè до завршувањето на своите средношколски денови, по што се сели во Скопје“, се вели во прилогот.

Она што е особено интересно е што нејзиниот семеен двор крие силна симболика поврзана со нејзината идна кариера. Веднаш зад сокакот од куќата се наоѓа музичкото училиште, местото каде што Каролина уште како мало девојче ги научила првите музички ноти и го открила својот раскошен талент.
Иако поп-ѕвездата веќе долги години живее во Скопје, во сите свои интервјуа таа со огромен гордост и емоции раскажува за детството поминато во Битола, за своите баба, дедо и целото семејство.
Очигледно е дека нејзиното срце засекогаш остана во родниот град. Секој свој слободен момент Каролина го користи за да замине во Битола за да ги посети своите родители, како и внуките од нејзината помала сестра, Инес и Луција.
Во видеото кое деновиве се споделува на социјалните мрежи е направена анкета меѓу граѓаните на Битола. На прашањето „Која е најголемата македонска поп-ѕвезда со потекло од Битола?“, одговорот без двоумење е Каролина Гочева.


