ВИДЕО | Остана вдовица на 36 години: Блага Петреска имаше тежок живот, а изгледа и пее како да е во цутот на младоста
Легендарната фолк-пејачка Блага Петреска немала лесен живот, откако на 36 години, по само десет години брак, починал нејзиниот сопруг, по потекло од Украина, а таа останала сама со две мали деца.
Препорачано
„Мене ми се случи вистинска љубов и две деца од истата. Кога останав сама, одлучив да не ги повредам моите деца затоа што тие многу го сакаа татка си. Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно за ништо да не им фали, само да учат, да завршат факултет. Така и бидна“, рече во една прилика пејачката за „Свет Австралија“.
„Мојот син, веќе сите го познавате, е извонреден професор, диригент и среќно оженет со исто така извонредна виолинистка со потекло од Русија, која сега е права Македонка. Ќерката и зетот исто така се среќни и живеат во странство. Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала“, раскажа Блага за нејзината снаа, познатата виолинистка Ана Кондратенко.
Денес, Блага е среќна мајка и баба, реализирана жена во својата професија. И покрај сите несреќи кои ѝ се случија во животот, таа цврсто стои на нозе, изгледа одлично и има сила да запее.
Блага настапи изминатиов викенд на манифестацијата „Зелникот на баба“ во Пробиштип, каде што може да се забележи дека изгледала одлично, со имиџ на многу помлада и, како и секогаш, успеала да развесели полн плоштад со луѓе.
„Задоена сум со македонска музика уште од мали нозе. Ги обожавам сите песни на секој естраден уметник. Нашата кралица, радост за секоја генерација, Блага Петреска. Одблизу денес сум голем пријател и максимално ја следам насекаде“, стои во описот кој го објавила Татјана Тајчи Додева на Фејсбук.

Блага Петреска на 6 април ќе наполни 79 години.