Црвениот крст ги пренесе сите живи заложници од Газа во Израел/Фото: Khames Alrefi / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Ослободени се сите живи израелски заложници од Газа

Хамас ги ослободи и останатите живи израелски заложници: Бар Куперштеин, Евјатар Давид, Јосеф-Хаим Охана, Сегев Калфон, Авинатан Ор, Елкана Бохбот, Максим Херкин, Нимрод Коен, Матан Зангаукер, Давид Кунио, Еитан Хорн, Матан Ангрест, Еитан Мор, Гали Берман, Зив Берман, Омри Миран, Алон Охел, Гај Гилбоа-Далал, Ром Браслабски, Ариел Конио, потврди ИДФ, објави Тајмс оф Израел.

Според „Тајмс оф Израел“, ова е втората и последна фаза од ослободувањето, при што 13 заложници ќе бидат предадени на Црвениот крст.

Некои од ослободените заложници веќе разговараа со своите најблиски во Израел, со кои немаа контакт повеќе од две години, односно 738 дена, колку што поминаа во заложништво на Хамас.

Попладне во 17 часот се очекува да бидат префрлени телата на 8 или 9 израелски заложници.

Израел потврди дека најмалку 26 од заложниците се мртви, додека Хамас изјави дека може да се соочи со тешкотии во идентификувањето на некои тела.

Утрово Хамас првично ослободи седум од израелските заложници: Матан Ангрист, браќата Гали и Зив Берман, Алон Охел, Еитан Мор, Гај Гилбоа-Далал и Омри Миран.

ВИДЕО | Историски моменти за Израел: Ослободени седум заложници на Хамас

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот