ВИДЕО: Орландо ја доби драмата со Јута, Дончиќ се повреди во градското дерби
Eкипата на Орландо меџик стигна до драматична победа на гостувањето кај Јута џез од 128-127 по продолжение, во натпревар што веќе се најде меѓу најнеизвесните во тековната НБА сезона.
Препорачано
Во Солт Лејк Сити се гледаше вистински трилер. При резултат 126-123 за гостите и неколку секунди до крајот, Кијонте Џорџ погоди тројка со дополнително слободно фрлање и ѝ донесе водство на Јута. Сепак, Орландо не се предаде, Дезмонд Бејн реализираше решавачки кош на 0,6 секунди пред крајот и обезбеди големо славје за тимот од Флорида.
WILD OVERTIME ENDING IN UTAH!
KEYONTE GEORGE 4-POINT PLAY.
DESMOND BANE GAME-WINNER.ORLANDO WINS A THRILLER ON THE ROAD! pic.twitter.com/extDt5UVKm
— NBA (@NBA) December 21, 2025
Во дербито на Лос Анџелес, Клиперс убедливо ги надиграа Лејкерс со 103-88. И покрај тоа што Леброн Џејмс беше прв стрелец со 36 поени, натпреварот остана во сенка на повредата на Лука Дончиќ. Словенечкиот кошаркар поради проблеми со коленото не заигра во второто полувреме и мечот го заврши со 12 поени.
„Засега немаме целосна слика. Станува збор за повреда на медијалниот менискус. Кон крајот на втората четвртина забележав дека почна да поткривнува и остана во соблекувалната“, изјави тренерот на Лејкерс, Џеј-Џеј Редик.
Лидерот на Источната конференција, Детроит Пистонс, рутински го совлада Шарлот со 112-86. Кејд Канингем запиша трипл-дабл, а Пистонс одиграа една од најдобрите одбранбени партии сезонава.
Вечерта ја заокружи атракцијата на Шедон Шарп, кој со спектакуларно забивање преку Расел Вестбрук ја крена публиката на нозе, во мечот во кој Портланд славеше против Сакраменто со 98-93.
Преземено од: Спорт.ком.мк


