ВИДЕО | Орце Ѓорѓиевски со порака до политичките противници: Нека ви е простено од мене, а Бог си знае што ќе прави понатаму!

Иако беше напорен и тежок период, се групираа, се собира, разни коалици правеа – дел јавни, а дел тајни, покажавме дека Скопје е вистински обединето и сите заедно денеска ги поразивме на куп, изјави новоизбраниот градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

– Сакам да му се заблагодарам на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, на моите родители, како и на мојата сопруга за целата нивна поддршка во изминатиот период, бидејќи знам дека воопшто не беше едноставно. Имаше многу ниски удари, но јас едно ќе кажам: нека им е простено од мене, а Бог си знае што ќе прави со нив. Ниту еден од вас нема да го засрамам во наредните 4 години. На Скопје ќе му понудиме нов лик и многу работа – изјави Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот