Фото: FC Barcelona

ВИДЕО: Олмо и Левандовски го срушија Еспањол во каталонското дерби

Барселона дојде до важна победа во каталонското дерби, совладувајќи го Еспањол со 2-0 во натпреварот од 18. коло во шпанската Ла Лига.

Домаќините одиграа одлично во првото полувреме и создадоа неколку сериозни можности за погодок, но сите обиди беа запрени од сигурниот голман Хоан Гарсија.

Барселона тешко наоѓаше простор против цврстата одбрана на Еспањол, а решението дојде дури во самиот финиш на средбата. Во 86. минута Дани Олмо ја скрши отпорноста на ривалот и донесе водство за каталонскиот гигант.

Само четири минути подоцна, Роберт Левандовски ја потврди победата со втор погодок, поставувајќи ги конечните 2-0 за Барселона.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот