ВИДЕО | Оливера Балашевиќ ја опиша последната средба со Ѓорѓе во болница: „Комуницираме и ден-денес“

Фото: Викимедиа/ Принтсрин/ Јутуб

Оливера Балашевиќ гостуваше во емисијата „Агапе“, во која зборуваше за нејзината последна средба со сопругот Ѓорѓе, кога тој лежеше во болница, откако се зарази од корона вирусот.

Имено, таа во емисијата изјави дека се виделе низ прозорецот од болничката соба и средбата ја спореди со почетоците на нивната љубов, кога ја повикувал преку прозорецот од студентскиот дом во кој живеела.

„Тој доаѓаше под прозорецот од мојот студентски дом. Имавме наше свиркање и тогаш знаев дека пристигнал. Трчав сè побрзо и побрзо надолу, со надеж дека заедничките моменти ќе бидат полни со смеа и оригинални, духовити прошетки.“, вели таа.

За жал, кога бил примен во болница, не бил дозволен пристап до инфективното одделение. Па, Оливера додека се движела низ болницата, наишла на една познајничка, која ѝ кажала дека Балашевиќ е сместен на приземјето. Таа успеала да го види преку прозорецот, си подале рака и се поздравиле како да нема ништо фатално. Се поздравиле како да нема разделба.

„Таква е нашата приказна со прозорци… Верувам дека тој остави засекогаш прозорец низ кој и ден- денес комуницираме. Му мафнав и му реков да биде силен. Го повикав, исто како што тој ме викаше да излезам од студентската соба… За него тоа сигурно ќе беше некоја нова песна со која прво ќе ме расплачеше, а потоа и генерации и генерации…“ додала Оливера.

Целото интервју може да го погледнете на видеото подолу:

 

Ѓорѓе Балашевиќ: Денеска ќе го прославеше 70-от роденден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот