Фото: Olympiacos B.C

ВИДЕО | Олимпијакос го прегази Фенербахче за финале во Евролигата

Кошаркарите на Олимпијакос обезбедија место во финалето на Евролигата, откако во полуфиналниот дуел во Атина убедливо го совладаа Фенербахче со 79-61.

Грчкиот состав уште од самиот старт наметна силно темпо и со цврста одбрана отвори со серија од 8-0, додека турскиот тим тешко доаѓаше до организирани напади и лесни поени. Иако актуелниот европски шампион во продолжението успеа накратко да фати ритам и да намали дел од негативата, Олимпијакос постојано ја контролираше играта и на полувреме замина со предност од 33-24.

Во третата четвртина домаќините дополнително го засилија притисокот и стигнаа до двоцифрена разлика, предводени од расположениот Саша Везенков. Фенербахче се обидуваше да остане во игра преку Тарик Биберовиќ и Тејлен Хортон-Такер, но грчкиот тим без поголеми проблеми ја одржуваше контролата и пред последната четвртина имаше високи +15.

Турскиот претставник со серија 8-0 го отвори последниот период и накратко внесе неизвесност, но Олимпијакос брзо одговори, повторно ја стабилизира играта и не дозволи пресврт. До крајот домаќините сигурно ја зачуваа предноста и со убедлив триумф се пласираа во големото финале на Евролигата.

Најефикасен во победничкиот состав беше Алек Питерс со 17 поени, додека кај Фенербахче ист број поени постигна Биберовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот