Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Младиот пејач Оли е победник на Санремо: На фестивалот настапи и со Горан Бреговиќ

Италија одлучи! По пет вечери на фестивалот во Санремо, победник меѓу 29 учесници е Оли со песната „Balorda nostalgia“. Победата на овој фестивал му дава можност да учествува на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, кој во мај ќе се одржи во Базел, Швајцарија.

Победникот на Санремо 2025 не станува автоматски италијански претставник на Евровизија, туку добива право прв да ја прифати или одбие оваа можност. Доколку победникот ја одбие поканата, тогаш Раи ќе му ја понуди на изведувачот кој го зазел второто место, потоа третото и така натаму.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanremo Rai (@sanremorai)


Победникот на фестивалот беше одлучен во последниот момент преку систем за распределување на гласови: 33 отсто од радио жирито, 33 отсто од новинарското жири и 34 отсто од гласовите на публиката.

Сцената на театорот „Аристон“, како и секогаш, беше домаќин на познати уметници, поранешни учесници на Евровизија и нови таленти, кои настапија со оркестарот.

Инаку, Оли пред неколку вечери на сцената на театарот „Аристон“ изведе реинтерпретација на поемата „Il Pescatore“ (Рибарот) од Фабрицио Де Андреа. Тој беше придружуван од познатиот балкански композитор, како што го дефинираат италијанските медиуми Горан Бреговиќ, со својот Оркестар за свадби и погреби, познат по својата способност да спои различни музички традиции во уникатно звучно искуство.

Таа беше најубавата манекенка во Југославија, a Горан Бреговиќ ѝ ја посвети песната „Битанга и принцеза“

 

ФОТО | Успешно ја заврши хемотерапијата: Прекрасната Бјанка Балти блесна на сцената како водителка на Санремо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот