ВИДЕО | Од Скопје до Гевгелија луди саботни журки, без маски, без дистанца и без инспектори во контрола

Во текот на вчерашната вечер, на целата територија на нашата држава, дискотеките и ноќните клубови работеа со „полна пареа“.

Како што можеше да се забележи од бројните објави на социјалните мрежи, Македонците се забавуваа без маски, без дистанца и без инспектори во контрола, исто како во старите добри денови – пред појавата на коронавирусот. Видеата се преземени од официјалните инстаграм-профили на ноќните клубови.

Владата на Северна Македонија на редовната 115. седница, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести, ја дозволи работата на баровите и ноќните клубови – дискотеките, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот. За евидентното прекршување на мерките во ноќните клубови и дискотеки, „Слободен печат“ побара, но не доби коментар од државниот пазарен инспекторат.

Бројките на позитивни пациенти секојдневно растат, а моментално во државата има вкупно 7217 активни случаи на ковид-19, откако вчера беа регистрирани 601 нов случај на заболени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот