Видео од нападот на шефот на обезбедувањето на Мицкоски на колега полицаец
Ноќта меѓу сабота и недела во познат скопски локал, полицаец кој не бил на должност а кој е и дел од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски физички нападнал колега полицаец кој извршувал службени дејствија.
Препорачано
Како што се гледа на видеото кое го објави 360 степени, напаѓачот И.Б (облечен во црна блуза) и В.Г (облечен во зимска јакна во окер боја) разговараат во внатрешноста на локалот, по што И.Б. почнува да го турка В.Г. и го изнесува надвор од објектот. Припадници на Единицата за недозволена трговија во МВР, кои се на задача, се обидуваат да ги раздвојат, но И.Б. со тупаница го удира В.Г. во главата.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, најави дека во текот на вчерашниот ден МВР ќе поднесе кривична пријава против И.Б. за напад на друго службено лице. Според министерот, тој ќе биде суспендиран од работа сè до донесување правосилна пресуда. Притоа, Тошковски рече дека не се точни наводите дека И.Б. спречил акција на полицискиот тим од Единицата за недозволена трговија, туку дека проверките од полицајците веќе биле завршени.
Шефот на обезбедувањето на Мицкоски истепал полицаец пред угостителски објект


