ВИДЕО | Новиот летен хит: Цеца и Жељко Јоксимовиќ ја објавија долгоочекуваната дуетска песна

Жељко Јоксимовиќ и Светлана Ражнатовиќ - Цеца / Фото: Инстаграм/Жељко Јоксимовиќ

Регионалните музички ѕвезди Жељко Јоксимовиќ и Светлана Ражнатовиќ – Цеца ги здружија силите и вредно работеа на нивната дуетска песна „Više od sreće“, која денеска беше објавена на Јутјуб и на сите останати музички платформи.

Како што пишуваат српските медиуми, Јоксимовиќ и Ражнатовиќ со месеци работеле на секој детаљ и се погрижиле песната да биде совршена. Тие вложиле многу труд за овој проект – од компонирање на музиката и пишување на текстот, па сè до студиското снимање и продукцијата на песната.

Текстот и музиката ги напиша Милош Рогановиќ, а аранжманот и продукцијата се дело на Јоксимовиќ.

„Работата на оваа песна беше исклучително инспиративна. Цеца е неверојатен професионалец и исклучително талентиран уметник. Нашата соработка се одвиваше во прекрасна атмосфера и мислам дека успеавме да создадеме нешто посебно“, изјави Јоксимовиќ.

Од друга страна, Цеца истакна колку ѝ значи оваа соработка.

„Жељко е мултиталентиран музичар. Перфекционист, одличен пејач, комплетен уметник. Работата со него беше големо задоволство. ‘Više od sreće’ е песна која носи силна емоција и верувам дека публиката ќе ја препознае и ќе ја засака“, изјави Цеца.

Комбинацијата на препознатливиот мелодиски стил на Јоксимовиќ и силната вокална интерпретација на Ражнатовиќ сигурно ќе ги освои срцата на слушателите, па се очекува дека нивната дуетска песна ќе биде голем летен хит.

ФОТО | Цеца ги засени сите со бујното деколте: Пејачката само со градник под палтото, а во рацете детаљ од 4.200 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот