Новинарот Немања Шаровиќ снима полицајци на провладин собир во Белград / фото: КТВ / скриншот

ВИДЕО: Српскиот новинар Шаровиќ е ослободен, го привеле зашто многу прашувал полицајци

Новинарот на српската телевизија „КТВ“, Немања Шаровиќ, кој попладнево беше приведен во Белград, е пуштен откако дал изјава во полициска станица. Како што изјави тој за српските медиуми, причина за неговото апсење е ТВ =-прилог кој го снимал денеска во Пионерскиот парк во српскиот главен град, каде се одржува контрасобир на приврзаници на власта кои се претставуваат како „студенти кои сакаат да учат“. Според полицијата, вели Шаровиќ, тој „навредувал и малтретирал полицајци“.

Шаровиќ вели дека во изјавата кажал дека само сакал да дознае од полицијата дали ќе реагира, бидејќи во Пионерскиот парк денеска се паркираа голем број нерегистрирани трактори и дека никој од оние кои имале униформи со полициски ознаки не сакал на тоа да реагира.

„Видов луѓе кои се претставуваа како „црвени беретки“, само за да дознаам дека всушност не се, па сакав да проверам дали лицата што носат полициски униформи се вистински полицајци бидејќи не работат во согласност со законот“, изјави Шаровиќ за „Н1“.

Телевизијата КТВ уште утрово ја објави снимката поради која Шаровиќ бил приведен, а на која тој прашува десетици полицајци кои го обезбедуваат провладиниот собир во Пионерскиот парк зошто дозволиле во паркот да се паркираат десетици трактори, од кои повеќето немаат регистарски таблички.

ВИДЕО: Уапсен новинарот Шаровиќ кој постојано известуваше за протестите во Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот