ВИДЕО | Нов тренд зема замав на ТикТок: Менструацијата стана „слободно крварење“

Фото: Pexels/ Mike Muray

Девојките од генерацијата „Зет“, посакаа да имаат различни навики кога станува збор за нивниот менструален циклус. Трендот кој се смета за бизарен сè повеќе се промовира на социјалните мрежи и очекувано предизвика бурни реакции, пишува „Њујорк пост“.

Всушност со овој тренд, девојките одбиваат да носат тампони или влошки, па затоа го нарекуваат „слободно крварење“.  Тие ги споделуваат своите искуства на ТикТок и истакнуваат дека овие навики се ослободувачки, иако признаваат дека сè изгледа малку неуредно.

Девојката по име Чарли, која вели дека го започнала овој тренд на Тикток, знае дека „нејзиниот избор е малку луд“, но на овој начин вели дека заштедила многу пари. На прашањето дали поради оваа одлука нејзината облека е секогаш крвава, таа одговорила „не“.

@sacralsecret Reply to @champsplease ♬ original sound – Annette

Девојката по име Анет која се приклучила на овој тренд, одговорила дека повеќе не излегува од дома додека има менструација, бидејќи таа сака да го испочитува своето тело.

Девојките кои ги следат овие трендови рекоа дека менструацијата сега им е полесна и пократка, па наместо пет дена, тие траат ден-два.

Д-р Ејми Кармакл вели дека таквите тврдења се интригантни, но дека нема докази за поддршка на врската.

„Во моментов, не постои достапно научно истражување, за да се потврди тврдењето дека слободното крварење доведува до полесни менструални циклуси“, рече таа.

@nadyaokamoto #periods ♬ original sound – Coach

Сепак, таа објасни дека понекогаш  тампоните може да предизвикуваат дополнителна болка кога имате менструација. Иако нема истражување кое потврдува дека има дополнителна корист од слободното крварење, според Ејми тоа не значи дека е лоша идеја.

Во секој случај, од клучно значење е да се промовираат отворени дискусии за менструалниот циклус, на работното место и во семејството за да се поттикне културата на грижа за себе кај жените, за време на менструацијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот