ВИДЕО: Нов случај на брутално насилство меѓу деца – врснички со месеци малтретирале девојче во Штип, машките снимале
Вознемирувачко врсничко насилство ги потресе жителите на Штип – девојче во дури четири наврати во три месеци било брутално тепано, физички и психички малтретирано од врснички. Ученичките-насилнички и девојчето учат во основното „Ванчо Прке“ во градот.
Препорачано
Девојчињата, кои не може да имаат повеќе од 14 години, договорено оделе на бездушните насилнички „сесии“, додека момчиња кои биле во нивно друштво, ги снимале инцидентите.
Мајката на девојчето во изјава за локалната телевиија „Стар“ вели дека за измачувањето и понижувањето на нејзината ќерка дознала од мајка на друго дете, кое се вознемирило откако ја видело снимката од еден од инцидентите.
„Ние дознавме пред недела дена, ми се јави мајка на едно дете, револтирана, што го гледало видеото. Не можело да се помири со настанот што се случи. Значи, едно мало дете било вознемирено и ѝ кажало на својата мајка. Мајката, храбра, се осмелила, мислела цела вечер како да ми каже, собрала храброст и ме извести“, вели мајката на малтретираното девојче.
Мајката го повика министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да го гледа видеото и да преземе мерки.


