ГАЛЕРИЈА ВИДЕО Нов протестен марш во Кочани: Дали ќе прикривавте луѓе кои се соучесници на монструмот ако убиените деца беа ваши
М.Т.
Пред
Денеска во Кочани се одржа нов протестен марш на семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ како последица на пожар кој се случи на 16 март, наслов „Задоцнета реакција“.
Протест Кочани Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Со слики во рака од своите најмили, маршот го почнаа од Паркот на Револуцијата, се движеа кон Трговскиот центар, потоа кон Општина Кочани, каде беше изразен револтот кон институционалното работење, продолжија кон МВР при што им посочија дека задоцниле со реакција во секоја смисла на зборот, а истиот заврши пред Основен суд, каде граѓаните побараа отчет за сработеното и неселективна правда.
-Сите вие кои сте одговорни за системот во државата, кои мудро ја одбегнувате одговорноста за најголемата трагедија од европски рамки што се случи во Кочани. Ние родителите на починатите деца би сакале барем за миг да бидете во нашата кожа, да може да ја почувствувате раскинувачката болка која ние ја чувствуваме, можеби тогаш ќе ја почувствувавте сериозноста и болната ситуација во која се наоѓаме. Дали ќе прикривавте луѓе кои се соучесници на монструмот ако убиените деца беа ваши деца – праша една од мајките.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Македонски дебатери, претставници на Младинскиот образовен форум (МОФ), постигнаа успех на натпреварот во Чешка наречен „Prague Debate Spring 2026“, освојувајќи го првото место во почетничката категорија. Освен што имаат врвен резултат на еден од најпрестижните меѓународни турнири во компетитивна дебата, од МОФ велат дека дебатата е значајна зашто го негува критичкото размислување на младите, но …
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Негативните емоции ја имаат својата цел, научете како да ја препознаете 2 Адвокат за разводи открива: Мажите почесто изневеруваат, но жените тоа го прават подобро 3 Скандал во Британија: лоби-фирма тајно им плаќала …