ГАЛЕРИЈА ВИДЕО Нов протестен марш во Кочани: Дали ќе прикривавте луѓе кои се соучесници на монструмот ако убиените деца беа ваши

Протест Кочани Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
-Сите вие кои сте одговорни за системот во државата, кои мудро ја одбегнувате одговорноста за најголемата трагедија од европски рамки што се случи во Кочани. Ние родителите на починатите деца би сакале барем за миг да бидете во нашата кожа, да може да ја почувствувате раскинувачката болка која ние ја чувствуваме, можеби тогаш ќе ја почувствувавте сериозноста и болната ситуација во која се наоѓаме. Дали ќе прикривавте луѓе кои се соучесници на монструмот ако убиените деца беа ваши деца – праша една од мајките.

Препорачано
Таа порача дека нема да застанат тука, и ќе се гледаат на полно други места.





