ВИДЕО: Номинирани 11 прекрасни голови, кој ќе ја освои наградата „Пушкаш“?

twitter/Tottenham Hotspur

Дванаесетта година по ред Светската фудбалска куќа ја доделува наградата „Пушкаш“ за најдобар гол на годината.

Досега ваквото признание завршуваше во рацете на големи sвезди како Кристијано Роналдо, Нејмар и Златан Ибрахимовиќ, но и релативно анонимни играчи како Унгарецот Даниел Шори или Малезиецот Мохд Фаиз Субри.

Оваа година се номинирани 11 голови, а помеѓу нив најзвучни имиња се Луис Суарез и Сон Хјунг-мин.

Во изборот на ФИФА се и поранешниот француски репрезентативец Андре-Пјер Жињак, кој денеска игра во Мексико, потоа Златко Јунузовиќ (Австрија), па репрезентативецот на Уругвај, Џорџијан Де Араскаета, Јужноафриканецот Хломфо Кекана, Колумбиецот Леонел Кињонез, Англичанецот Џордан Флорес, и три фудбалерки, Ширли Круз (Костарика), Велшанката Софи Ингл и Шкотланѓанката Каролин Веир.

Победникот ќе биде објавен на 17 декември, а до тогаш може да одлучите во анкетата на ФИФА кој гол ви се допаѓа најмногу.

ФИФА ги објави кандидатите за најдобар фудбалер во 2020 година!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот