ФИФА ги објави кандидатите за најдобар фудбалер во 2020 година!

Фото: twitter.com/FIFAcom

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги објави кандидатите за индивидуални награди во 2020 година. Победниците ќе бидат објавени на свечена церемонија на 17 декември, а во конкуренција за најдобар фудбалер на годината остануваат уште 11 играчи.

Во трката за титулата најдобар фудбалер се наоѓаат Тијаго Алкантара, Кристијано Роналдо, Кевин Де Брујн, Роберт Левандовски, Садио Мане, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Нејмар, Серхио Рамос, Мохамед Салах и Виржил ван Дајк.

Потоа, кандидати за најдобар голман на годината во изборот на ФИФА останаа Алисон Бекер, Тибо Куртоа, Кејлор Навас, Мануел Нојер, Јан Облак и Марк-Андре тер Штеген.

Меѓу номинираните за најдобар тренер се Марсело Биелса (менаџерот на Лидс и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски), Хулен Лопетеги, Ханс-Дитер Флик, Јирген Клоп и Зинедин Зидан. Исто така ќе бидат избрани и најдобрите во женска конкуренција, најдобра фудбалерка, тренер и голман.

Гласањето на веб-страницата на ФИФА ќе трае до 9 декември, по што ќе останат тројца кандидати во секоја категорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот