ВИДЕО | Ништо од двомеч со Галатасарај: Жалгирис со брз пресврт ја елиминира Струга

Фото: ФК Струга

Екипата на Струга не успеа да дојде до двомеч со Галатасарај во второто коло квалфикациско коло за Лигата на шампионите. Денес во Охрид, Жалгирис забележа победа со 1:2.

Првиот натпревар во Литванија заврши без победник 0:0, а тој резултат беше актуелен и денес по првите 45 минути. Се интересно што се случи во денешниот натпревар се случи во последните дваесетина минтуи од натпреварот.

Се водеше изедначена битка со по некоја шанса и на двете страни. На радост на стружани, домаќините првите дојдоа до водство со голот на Бесарт Ибраими од пенал во 76. минута.

Според она што се случуваше дотогаш на средбата изгледаше дека еден гол може да биде доволен, но за жал не беше така. Во осум минути Жалгирис постигна два гола за пресврт и победа. Прво Кендиш израмни на 1:1 во 78. минута, а потоа Сава Радиќ во 84. минута си постигна автогол.

Струга и покрај поразот ќе продолжи во европските квалификации, но сега се сели во квалификациите за Лигата на Европа каде што ќе игра против Будуќност од Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот