ВИДЕО | Ниа Селвеј е алергична на вода: Секое туширање е многу болно за оваа млада девојка
Британката Ниа Селвеј (23) боледува од ретка состојба наречена „водена уртикарија“, која предизвикува алергиска реакција кога нејзината кожа доаѓа во контакт со вода.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
За милиони луѓе низ целиот свет, достапноста и употребата на вода за миење и капење е нешто што го земаме здраво за готово. За Ниа, постои долг и многу болен процес на туширање.
View this post on Instagram
Таа го започнува туширање со тоа што прво го мери крвниот притисок и температурата, а потоа избира производи за чувствителна кожа.
View this post on Instagram
– Земам сува четка и ја тријам по кожата за да се ослободам од мртвата кожа што се наталожила. Потоа одам под туш. Болката започнува по пет до десет минути, а може да потрае и до три часа. Сѐ ме боли откако ќе се истуширам – рекла Ниа.
View this post on Instagram
Извесно време по туширањето поминува во кревет додека болката не престане, а тогаш веќе се чувствува исцрпено. Зема лекови против болки и лекови против болеста.
Меѓу коментарите на следбениците што ѝ пишуваат е и оној да се обиде да се искапе во млеко, но таа веќе го пробала тоа и не дало резултати.


