ВИДЕО | Неверојатни снимки од Турција: Спектакуларен метеор го обои небото во зелено

Фото: Принтскрин/Твитер/Onur Kachmaz

На социјалните мрежи осамнаа снимки од поминувањето на метеор над Турција, пишува „Индепендент“.

Една од снимките е направена во текот на возење на автомобил и покажува поминување на светлосна топка која за момент го обоила небото во зелено.

 

Друга снимка покажува момче на детско игралиште додека зад него небото поприма зелена боја додека поминува метеор.

 


Настанот се случил синоќа, а снимките настанале над градот Ерзурум и покраината Гумушане во источна Турција.

Странските медиуми јавуваат дека необичната светлина на небото се верува дека е предизвикана од метеороид кој влегол во горната атмосфера на Земјата и се загреал поради триење.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот