ВИДЕО | Неверојатни снимки од ерупцијата на вулканот Килауеа

Вулкан Килауеа / Фото EPA-EFE/Bruce Omori/Paradise Helicopters

На социјалните мрежи се појавија снимки од неодамнешната ерупција на вулканот Килауеа на хавајскиот архипелаг.

Килауеа, еден од најактивните вулкани во светот, еруптираше минатата среда во 04:44 часот по локално време. Сликите од Килауеа покажуваат пукнатини во срцето на вулканот, со лава која истекува од неговиот кратер и формира „фонтани“. Научниците ја карактеризираат вулканската активност како „динамична“.

УСГС издаде предупредување за опасноста од испуштање на сулфур диоксид во атмосферата и создавање вулкански смог, кој се шири до Килауеа. Може да предизвика респираторни проблеми кај луѓето и животните и да ги оштети посевите.

Ерупцијата на Килауеа дојде само неколку месеци откако соседниот Мауна Лоа, најголемиот вулкан во светот, еруптираше кон крајот на 2022 година по пауза од 38 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот