ВИДЕО: Неверојатни поплави во Индонезија, 11 лица исчезнати

Силно невреме во Индонезија, полицијата трага по исчезнатите/ Фото EPA-EFE/BPBD BATU /

Најмалку 11 лица се водат како исчезнати во поројните поплави кои предизвикаа обилни дождови на индонезискиот остров Јава, денес соопштија властите.

Националната агенција за ублажување на катастрофи соопшти дека реките на падините на планината Арџуно се излеале од коритата и поплавиле пет села во Кота Бата, град во провинцијата Источна Јава, пренесе АП.

Агенцијата наведува дека во поплавите исчезнале 15 лица, од кои четворица подоцна биле спасени, додека по останатите 11 се трага.

Директорот на Агенцијата Ганип Варсито изјави дека се очекува да продолжат обилните врнежи кои би можеле да траат до февруари.

На фотографиите и видеата објавени од агенцијата се гледаат оштетени мостови и автомобили и куќи покриени со кал.

Сезонските дождови често предизвикуваат поплави и лизгање на земјиштето во Индонезија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот