ВИДЕО | Неверојатна глетка кај Вис! Десеттина китови снимени во Јадранско

Фото: Принтскрин/ Морски ХР

Десеттина китови биле снимени со дрон кај островот Вис, поточно кај Комижа. Во потрага по храна, тие најчесто доаѓаат на Јадранот.

Речиси нереална снимка пристигнува од островот Вис, каде биле снимени дури десеттина китови.

„Тоа го снимивме вчера пред Комижа. И уште едно видео каде може подобро да ја видите точната позиција каде се снимени. Прво снимивме група од 3-4 единки, по 15-на минути забележавме уште една со слична големина. Ова видео е направено 20-на минути откако две јата се споија и тука ги има околу 10 единки“, изјавил Бранимир Биочиќ за „Морски ХР“ којшто присуствувал на оваа неверојатна сцена.

Тоа е вид кит наречен голем северен кит. Тој е најблизок до синиот кит и по него следното најголемо животно на Земјата.

„Кога почнавме да ја снимаме првата група и ѝ пријдовме со дрон, тие нурнаа и не се појавија околу 10 минути. Возевме по нив затоа што не беа далеку од нас“, изјавил Биочиќ.

Големите северни китови се заштитени со закон и се наоѓаат на листата загрозени видови. На Јадранот најчесто доаѓаат по потрага по храна, најчесто по ситни, сини риби и планктони. Големиот северен кит е со просечна должина од 20 метри и е тежок 70 тони.

„Во текот на ловењето, на видеата од дрон доживеавме неверојатна убавина на островот Вис од птичја перспектива. Снимајќи го кристалното чисто море и крајбрежјето, бевме сведоци на импресивна сцена со китови во нивна природна состојба. Бевме хипнотизирани“, изјавил Стефан Торес за „24 сата“, човекот којшто го направил видеото.

Китовите живеат во групи од 5 до 10 животни. Во времето пред големиот лов на китови, постоеле групи китови до 300 животни. Овој вид китови побрзо и подлабоко нуркаат од поголемиот дел на другите големи китови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот