Фото: ТВ Стар / скриншот / илустрација

ВИДЕО: Неверојатен случај во Штип – мажот претепан, жената паднала, свекрвата скршила колк

30-годишен штипјанец деновиве бил нападнат од група странци пред кафе-бар во градот, кои го претепале и завршил во болница, јави локалната телевизија „Стар“.

Случајот потоа добил сосема неочекуван развој – итајќи да му помогне кога слушнала за инцидентот, сопругата на штипјанецот паднала и самата тешко се повредила, по што и таа била пренесена во болница.

Но, тука не запреле маките на семејството – во меѓувреме, поради сериозноста на повредите на претепаниот човек, лекарите одлучиле да го испратат на лекување на скопските клиники, со амбулантно возило. Мајката на несреќниот штипјанец притоа инсистирала таа да дојде како придружба во комбето на итната помош. Тоа ѝ било дозволено, но се покажало како лоша одлука и довело до уште еден малер – додека се возеле накај Скопје, мајката изгубила рамнотежа и паднала во комбето, кршејќи го колкот.

Кошмарниот ден на штипското семејство е опишан во прилогот на ТВ „Стар“:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот