ВИДЕО: Нереални бројки на чудесниот Јокиќ – 96 поени, 64 скока и 56 асистенции за шест дена

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Одличниот српски кошаркар Никола Јокиќ продолжува да ги поместува границите во најсилната лига на светот, НБА.

Изминатата ноќ Денвер на домашен терен убедливо го совлада Сакраменто (117:96), а Јокиќ запиша нов „трипл-дабл“ учинок од 14 поени, 14 скокови и 11 асистенции.

Колку е доминантен играчот на Нагетси по Ол-стар паузата најдобро говори податокот дека на последните четири натпревари успеа да забележи „трипл-дабл“ пред крајот на третиот период, што е едноставно неверојатно.

Во последните шест дена неговиот тим имаше максимален учинок од 4/4, а Јокиќ забележа вкупно – 96 поени, 64 скока и 56 асистенции. Што значи дека имал просек од 26 поени, 16 скока и 14 асистенции.

Против „Кралевите“ го оствари својот 19 „трипл-дабл“ сезонава, а забележа дури 11 пред крајот на третата четвртина.

НБА лига, резултати

Индијана – Њу Орлеанс 123:114
Торонто – Далас 125:136
Чикаго – Кливленд 132:123 (по 2 продолженија)
Минесота – Мемфис 110:101
Денвер – Сакраменто 117:96
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 112:116

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот