ВИДЕО | „Нема финале за нас“: Група „НеоноеН“ ќе ја претставува Црна Гора на Евровизија, народот со поделени мислења
Црна Гора се враќа на Изборот за песна на Евровизија по двегодишна пауза од музичкото натпреварување. Во конкуренција од 16 песни, групата „НеоноеН“ вечерва победи на националниот избор „Монтесонг“ и ќе ги брани боите на Црна Гора со песната „Кликбејт“,
Препорачано
Победниците беа избрани со еднаков сооднос – гласови од публика и гласови од жири-комисија. Главната фаворитка за победа Нина Жижиќ освои максимален број гласови од жири-комисијата (12), но публиката ѝ даде најмногу гласови на групата „НеоноеН“.
Реакциите и коментарите на Црногорците, како и на евровизиските обожаватели ширум Европа, се измешани, но натежнуваат оние со негативна конотација.
„Црна Гора може само да сонува за финале следната година“, „Само што ја слушнавме првата песна која НЕМА да се пласира во финалето“, „Дали си потрошив три часа од мојот живот за да го изгледам изборот и, на крајот, победи ова?“, „Ѝ ја украдовте заслужената победа на Нина. Ова е тешка катастрофа. Не заслужуваме финале“, гласат дел од коментарите.


