Фото: Screenshot

ВИДЕО | Не се тепале само Пол и Џошуа: Поранешен УФЦ борец сам се пресмета со четворица по борбата

Изминатата ноќ боксерската пресметка меѓу Џејк Пол и Ентони Џошуа беше во фокусот на јавноста, а поранешниот светски шампион во тешка категорија славеше со нокаут во шестата рунда. Сепак, возбудувањата не завршија со последниот удар во рингот, бидејќи по мечот се случи и инцидент.

На социјалните мрежи брзо се прошири видео на кое може да се види како поранешниот УФЦ шампион Андреј Арловски влегува во физичка пресметка со неколку лица.

Според снимките, Арловски најпрво се судрил со контроверзниот инфлуенсер Џек Доерти, по што во неговата одбрана се вклучиле уште тројца пријатели. Сепак, тие не поминале најдобро во конфликтот со искусниот ММА борец, а инцидентот дополнително ја подгреа атмосферата околу веќе спектакуларната боксерска вечер.

Преземено од: Спорт.ком.мк

ВИДЕО | Џошуа го нокаутираше Пол, а судијата им порача: Навивачите не платија за да гледаат вакво ср*ње

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот