Дејвид Коренсвет и Рејчел Броснахан - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО| Рејчел не престана да го бакнува „Супермен“ и по завршување на сцената: Видеото собра преку 70 милиони прегледи

Ѕвездите од последниот „Супермен“ Дејвид Коренсвет и Рејчел Броснахан станаа хит откако кратко видео од снимањето на филмот беше споделено на социјалните мрежи. Имено, дел од кадрите кои беа објавени на социјалните мрежи ги прикажува актерите кои ја продолжиле да се бакнуваат откако режисерот на филмот Џејмс Ган кажа дека снимањето е завршено.

Видеото на кое Рејчел Броснахан го бакнува Коренсвет, има повеќе од 70 милиони прегледи на социјалната мрежа Икс.

Инаку, дебито на Коренсвет како Кларк Кент доби претежно позитивни реакции од фановите и критичарите по објавувањето минатиот месец, што е добра вест по негативната реакција поради замената на Хенри Кавил, според странските медиуми.

Сепак, оттогаш, социјалните мрежи се преплавени со приказни за динамиката помеѓу Коренсвет и неговата колешка Броснахан, која ја игра Лоис Лејн. Ова се случува откако на интернет кружеше видео направено зад сцената што прикажува интимен момент меѓу нивните ликови.

Навидум невиниот момент, оттогаш стана вирален на социјалните мрежи, а луѓето почнаа да шпекулираат за можна љубовна врска меѓу актерите. Исто така, некои веруваат дека нејзиниот бакнеж бил сосема случаен и дека веројатно немала време да реагира откако режисерот ја прекинал сцената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот