Расел Кроу - Фото: Glyn KIRK / AFP / Profimedia

ВИДЕО | „Не ме туркајте!“: Расел Кроу им се налути на досадните „ловци на автограми“

Актерот Расел Кроу имаше напната средба со обожаватели и ловци на автограми пред хотел во Париз, а видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.

Ѕвездата од филмот „Гладијатор“ (Gladiator) бил снимен додека излегувал од хотелот и се упатувал кон аеродромот, кога бил опколен од луѓе кои барале да се фотографираат со него и да добијат потписи.

„Ме слушате ли? Стојте каде што сте, не ме туркајте и ќе дојдам до вас. Дајте им простор на сите. Штом некој ќе стане идиот, си одам. Јасно?“, им порачал актерот.

Кроу потпишувал фотографии од „Гладијатор“, а во еден момент обожавател побарал покрај автограмот да го напише и името Максимус, по ликот што го толкуваше во филмот.

„Не“, кратко одговорил актерот и продолжил кон другите фанови.


Порталот Ти-ем-зи го објави видеото со коментар дека актерот „не бил расположен“ за обожавателите, но Кроу возврати преку Икс.

„Кликбејт. Сите добија автограм и фотографија со мене, преминот до хотелот остана слободен за гостите, а јас сепак стигнав навреме на аеродром. Еден човек, без обезбедување. Завршена работа. Во што е проблемот?“, напиша актерот.

Расел Кроу откри дека нема план да се ожени со својата партнерка: „Еднаш беше доволно…“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот