ВИДЕО | Не издржа српскиот бедем: Ришарлисон блесна со мајсторија, Бразил славеше победа

Фото: EPA-EFE/Ali Haider

Не издржа српскиот бедем и вечерва Бразил славеше победа со 2:0 во натпреварот од првото коло на Мундијалот во Катар.

Селекторот Драган Стојковиќ-Пикси се одлучи да стартува претпазливо и со само Митровиќ во нападот, Влаховиќ остана на клупата за резерви. Доминираа Бразилците од самиот почеток на натпреварот се редеа шанси пред голот на Вања Милинковиќ-Савиќ. Сепак, српската одбрана издржуваше и по 45 минути на пауза се замина со 0:0.

Фудбалерот на Јувентус, Aлекс Сандро во 60. минута со силен удар од далечина ја погоди стативата од голот на Србија. Сликата на теренот не се менуваше, Бразил продолжуваше да доминира, Србија ретко излегуваше на противничката половина. Алисон на голот на Бразил скоро и да немаше работа во текот на комплетните 90 минути.

Одбраната на Србија попушти во две минути по таа статива на Сандро, па Ришарлисон го пронајде патот до мрежата. По овој гол на Бразил, Србија мораше да се отвори, па така за Бразил се отвори уште поголем простор на противничката половина. Десет минути по првиот, Ришарлисон го постигна вториот гол, кој е и најубавиот досега на Светското првенство.

Бразил со овој триумф доаѓа во одличната позиција пред продолжение од групата, додека Србија ќе мора да бара бодови против Камерун и Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот