Screenshot/X

ВИДЕО | Настапот на Мундијалот под знак прашалник: Ѕвезда од Премиер лигата тешко се повреди

Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Чави Симонс, се здоби со тешка повреда на денешниот натпревар од Премиер лигата против Вулверхемптон.

Повредата Симонс ја заработи по дуел со бекот на гостите, Хуго Буено, по што падна на тревникот, се фати за коленото и почна да вреска од болка. Иако по првичната интервенција на медицинскиот тим се обиде да се врати во игра, набрзо стана јасно дека не може да го продолжи натпреварот, па беше изнесен на носилки.

Официјалната дијагноза сè уште не е потврдена, но првичните проценки укажуваат на можна повреда на предниот вкрстен лигамент, што би можело да го оддалечи од терените и до една година.

ВИДЕО | Сесењон херој, Фулам ја победи Астон вила и се врати во битка за Европа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот