(ВИДЕО) Народната песна „Ти ли се најде Лено мори“ доби современа верзија

Фотографија: Принтскрин

Популарната група „Тумбао салса бенд“ на 10 април објави видеоспот со обработка на стара македонска песна со наслов „Ти ли се најде Лено мори“. Првата верзија на песната ја има отпеано легендарната Вања Лазарова, додека на обработката на „Тумбао салса бенд“ пее вокалната солистка Ивана Стојановска.

Спотот е снимен на локација во населбата Аеродром („Јане Сандански“) во Скопје. Во продукцијата на видеоспотот учествуваа Бранко Попчевски и Никола Китановски од видеопродукцијата „Сан арт“ и Горан и Борис Попатанасовиќ од „Баба 3Д студио“. Обработката на аудиозаписот е на Петар Ренџов, а изведбата на „Тумбао салса бенд“.

Во обработката на темата „Ти ли се најде Лено мори“, покрај задржувањето на традиционалниот, народен мелос, Ренџов внесува и ритам што дава современ латино-израз.

Песната „Ти ли се најде Лено мори“ е втор сингл од новиот проект „Самба нова“ на „Тумбао салса бенд“. Минатата година бендот го објави првиот сингл со наслов „Triple Love for Kaneo“, а видеоспотот беше направен како разгледница за месноста и црквата „Св. Јован Канео“ во Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот