ВИДЕО: Најскапиот „пекар“ во светот, му се оствари желбата да игра во Премиер лигата

Матеус Нуњеш не се откажа од сонот да биде познат фудбалер/Фото: Принтскрин/Youtube/Sporting Clube de Portugal

Управата на Вулверхемптон го шокираше фудбалскиот светот кога го ангажираше Матеуш Нуњеш од Спортинг за 45 милиони евра. А јавноста беше уште повеќе изненадена од неговата животна приказна која влева надеж дека ништо не е невозможно.

Новото засилување на англискиот клуб има приказна која би можела да сними филм! Нуњеш израснал во фавелите на Рио де Жанеиро каде се обидел да го следи примерот на својот идол Роналдињо, а потоа со мајка му и очувот кога имал 13 години се преселил во Португалија.

Сонуваше да биде светски познат фудбалер, а интересно е што до пред само три години работел во семејната пекара во гратчето Ерицерија во близина на Лисабон.

Нуњеш има 23 години (играч за врска во нападот) и стана дел од мала колонија од Португалија, бидејќи е 11 фудбалер во Вулверхемптон од таа земја! Нема дилема дека Мутињо, Нето, Гедеш го прифатија без двоумење.

– Искрено, имаше моменти кога немавме што да јадеме, не помогна ниту што мајка ми не престана да работи. Таа ми всади љубов кон фудбалот и со неа почнам да ја удирам топката. Кога ќе немавме топка, јас и браќата игравме со чорапи, важно беше само да се тркала. Мајка ми сè уште не знае како се случи да не станам крадец или дилер – рече Нуњеш минатата година во интервјуто за португалски „Рекорд“.

Видео на денот