ВИДЕО: Најмалку осуммина убиени и 60 повредени во оружен напад во Индијанаполис, напаѓачот се самоубил

Во масовна пукотница во американскиот град Индијанаполис доцна синоќа по локално време во простории на компанијата Федекс во близина на меѓународниот аеродром, биле убиени најмалку осум лица, а напаѓачот се самоубил, јавија американски медиуми.

Убиените биле пронајдени во објектот. Најмалку 60 други лица се повредени и пренесени во локалните болници. Во објектот на Федекс работат окоу 4.000 лица.

Полицијата претпоставува дека напаѓачот се самоубил.

Портпаролката на полицијата во Индијанаполис, Џејн Кук нагласи дека не веруваат оти постои активна закана за заедницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот