ВИДЕО: Најчудните спортови на Олимписките игри во Токио

фото: EPA-EFE

Летните олимписки игри во Токио на гледачите пред ТВ екраните, бидејќи не е дозволено присуство на навивачи на трибините, ќе им овозможи следат спортови кои ретко ги има на насловните страниц на спортските вести.

Низ историјата на Олимписките игри постоеле доста чудни спортови како влечење на јаже или гаѓање во живи голуби, но нивното време помина, а фановите во Токио во секој случај ќе имаат можност да гледаат необични спортови, барем за нашите простори. 

Скејтбординг

За прв пат на Олимписките игри ќе дебитира скејбордингот, спорт за кој речиси никој не се надеваше дека еден ден ќе се најде на програмата на Олимписките игри. На ЛОИ во Токио, ова натпреварување ќе биде поделено во два дела: парк и улично возење во машка и женска конкуренција.
Уличната трка ќе се одржина 25 и 26 јучи, додека на 4 и 5 август ќе се одржат натпреварите во парк.

Сурфинг

Уште еден спорт кој ќе дебитира на Олимписките игри е сурфингот кој не е многу познат на овие простори. Натпреварите во машка и женска конкуренција ќе се одржат на плажата Шидашита која е оддалечена од Токио 65 километри. Засега нема точно одреден термин кога ќе се одржат натпреварите бидејќи тоа исто така зависи и од временските услови. Сепак, доколку не дојде до непредвидени временски неприлики, натпреварите во сурфинг ќе се одржат од 25 јули до 1 август

Модерен пентатлон

Ова е спорт кој е комбинација од пет различни дисциплини: пукање со пушка, мечување, пливање, скокање пречки со коњ и трчање. Ова е едно од најнеобичните натпреварувања на Олимписките игри, но сигурно е интересно за гледање. Натпреварувањето во модерен пентатлон ќе се одржат од 5 до 7 август.

Бејзбол

Ова е спорт кој е меѓу најпопуларните во САД и Јапонија, а со самото тоа што Игрите се одржуваат во Токио, се поизвесно е дека Меѓународниот олимписки комитет му направи услуга на организаторот и овој спорт најверојатно повеќе нема да биде на програмата. Бејзболот го нема на списокот на спортови на ЛОИ 2024 година во Париз. За златниот медал ќе се борат Јапонија, Доминиканска република, Израле, Јужна Кореја и САД. Стартот на турнирот во бејзбол е закажан за 28 јули, а финалето ќе се игра на 7 август.

Софтбол


Исто како и бејзболот, и софтболот нема да биде на програмата на следните ЛОИ во 2024 година
, а ќе остане запишано во историјата дека токму со овој спорт се отворени игрите на ОИ во Токио. Првите натпревари се одиграа денеска, а групната фаза ќа се игра со 26 јули по што ќе следи финалето. На турнирот во софтбол ќе учествуваат селекциите на Австралија, Канадса, Итралија, Јапонија, мексико и САД.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот