ВИДЕО: Надал во полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим!

epa09197288 Rafael Nadal of Spain celebrates after winning his men's singles third round match against Denis Shapovalov of Canada at the Italian Open tennis tournament in Rome, Italy, 13 May 2021. EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Шпанскиот тениски ас денеска обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим откако славеше против шестиот рекет на светот и шампионот од Мадрид, Александер Зверев со 2:0 (6:3, 6:4).

Во овој меч Рафа влезе фуриозно со два брзи брејка стигна до високи 4:0, иако Зверев до крајот на сетот успеа еднаш да направи брејк, „кралот на земјата“ сигурно стигна до водство.

Поразлично беше во вториот сет, Зверев стигна до три врзани брејк топки во четвртиот гем, а откако не ги искористи веќе во наредниот беше казнет, а и плус што претходно пропушти три гем топки.

Надал на тој начин се најде во своето 12 полуфинале на овој турнир, а за учество во големото финалеќе игра со Американецот Рајли Опелка кој со 7:5 и 6:2 триумфираше над Федерико Делбонис од Аргентина.

На видео записот можете да го погледнете решавачкиот победнички поен на Надал:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот