Фото: Принтскрин/ Инстаграм

ВИДЕО | На Емпајер Стејт Билдинг се појави Дарт Вејдер во чест на покојниот Џејмс Ерл Џонс

Статуата на Дарт Вејдер беше изложена на Емпајер Стејт Билдинг во знак на почит на починатиот актер Џејмс Ерл Џонс, кој му го позајми гласот на ликот од „Војна на ѕвездите“.

„Силата нека биде со тебе, ЏЕЈ“, објавија на официјалните профили на Емпајер Стејт Билдинг со видео од тој момент. Додека Дарт Вејдер беше проектиран на легендарната њујоршка зграда, во позадина свиреше музика од „Војна на ѕвездите“.

Иако под маската на Дарт Вејдер беше британскиот актер Дејвид Проуз, Џејмс Ерл Џонс беше одговорен за незаборавниот заканувачки глас со кој изговори некои од репликите кои влегоа во филмската историја, како: „Лук, јас сум твојот татко“.

Џејмс Ерл Џонс првпат му го позајми гласот на Дарт Вејдер во оригиналниот „Војна на ѕвездите: нова надеж“ (1977). Неговиот глас стана клучен дел од ликот на Вејдер, внесувајќи доза на авторитет, сила и свежина. После тоа, тој му го позајми гласот на Вејдер во продолженијата „Revenge of the Sith“ (2005), „Rogue One: A Star Wars Story“ (2016) и во анимираната серија „The Clone Wars“.

Дарт Вејдер е еден од најпрепознатливите негативци во филмската историја, а за тоа многу придонесе гласот на Џонс.

Актерот почина во својот дом на 93 годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот