фото: скриншот/јутјуб

ВИДЕО | Прстен со 321 дијамант доби Трамп од белгиска компанија на која ѝ ги симна царините

Десетици дијаманти формираат две џиновски „Т“ покрај американското знаме и броевите „1776“ и „2026“. Други ги врамуваат броевите 45 и 47 во форма на логото на Супермен, додека орел со дијамантски крилја носи рубински штит и држи смарагдна маслинова гранка, објави „Си-би -ес њуз“ .

Станува збор за масивен прстен од 18-каратно злато, украсен со вкупно 321 дијамант, 56 сафири, 13 смарагди и шест рубини, кој оваа недела му беше доделен како подарок на американскиот претседател Доналд Трамп по повод 250-годишнината од САД. Прстенот му беше доделен во Брисел на американскиот амбасадор во Белгија, Бил Вајт, кој се очекува да му го подари на претседателот.

„Посебна благодарност до моите пријатели во Антверпен за величествениот прстен „Слобода 250““, рече Трамп во претходно снимена видео порака прикажана на настан по повод роденденот на Америка.

Исидор Мерсел, претседателка на Светскиот центар за дијаманти во Антверпен (AWDC), го додели прстенот во име на вековната дијамантска заедница во тој белгиски пристанишен град, центарот на светската трговија со скапоцени камења.

Интересно е што истата индустрија се мачеше минатата година под товарот на тоталната трговска војна на Трамп.

„Нека овој прстен биде траен потсетник дека вистинските партнерства, како и најдобрите природни дијаманти, се коваат под притисок, го издржуваат тестот на времето и сјаат најсветло кога се градат врз доверба“, рече Мерсел. Во внатрешноста на прстенот е врежано „Направено во Антверпен за Доналд Џон Трамп“.

Вредноста на прстенот е значително помала од некои други подароци што ги добил Трамп, како што е авион од 400 милиони долари од Катар, но тоа ја покажува улогата што ја играат раскошните подароци кај оние што бараат наклонетост на американскиот претседател. Службеник на Белата куќа, кој побара да остане анонимен, вчера изјави дека прстенот сè уште не му е подарен на Трамп.

Подарокот доаѓа неколку месеци откако белгиската индустрија за дијаманти успешно го обезбеди отстранувањето на американските увозни давачки за дијаманти. Во септември, AWDC објави дека „успешно обезбедила нула увозни давачки“ за годишен извоз на полирани дијаманти од Антверпен во САД, во вредност од повеќе од 2 милијарди долари.

Семејството Трамп заработило 2,3 милијарди долари од криптовалути, инвеститорите изгубиле сè

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот