Горан Папаз и сопругата Наташа / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | „На денешното мени, Лунин образ“: Горан Папаз сподели неодоливо видео од својата ќеркичка и ги разнежни сите

Македонскиот саксофонист Горан Папаз и неговата сопруга Наташа минатата година станаа горди родители на три бебиња. Оттогаш тие често објавуваат приватни моменти од нивните дечиња – Лена, Луна и Лазар.

Во последното видео кое музичарот го објави на социјалните мрежи, во фокусот се најде малата Луна, која му се смешкаше на својот татко, додека тој си играше со нејзините образи.

Во шарени пижами и големи сини очи кои светат од љубопитност, Луна е вистинска мала ѕвезда во видеото.

„На денешното мени, Лунин образ“, напиша музичарот покрај видеото.

Оваа глетка разнежни многумина кои не останаа рамнодушни на слатката насмевка на Луна.

Да потсетиме, славниот музичар, кој на јавноста ѝ стана познат по ангажманот во групата „Суперхикс“, ја објави среќната вест дека ќе стане татко во август минатата година и ги покажа фотографиите од ултразвукот. Во декември минатата година неговата сопруга Наташа се породи и на свет ги донесе Лена, Луна и Лазар. Инаку, музичарот веќе има еден син од претходниот брак, Дамиан.

МАМАВИЗИЈА | Тројката ја родив на истиот ден по три години откако ме запроси Папаз, вели Атанасовска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот