Дени Мусовски/Seattle Sounders FC

ВИДЕО | Mусовски го спаси Сан Диего од пораз и беше прогласен за играч на натпреварот

Македонскиот репрезентативец Дени Мусовски го постигна својот прв гол сезонава во МЛС-лигата, носејќи му бод на Сиетл на гостувањето кај Сан Диего.

Домашниот тим прв стигна до предност уште во 18. минута, а Мусовски својата шанса ја доби во второто полувреме, кога влезе во игра по еден час фудбал.

Само дваесетина минути подоцна македонскиот напаѓач покажа дека заслужува поголема минутажа, откако во 80. минута ја затресе мрежата за израмнување на 1-1. Тоа воедно беше и конечниот резултат на средбата.

Одличниот настап на Мусовски беше награден и со признанието за играч на натпреварот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот