Фото: Screenshot

ВИДЕО: Мундијалот во САД ја доби и најмалата држава која некогаш играла на Светско првенство

Со триумфот од 2-0 над Есватини, фудбалската репрезентација на Зеленортските Острови испиша историја и за првпат обезбеди учество на Светско првенство. Овој историски пласман претставува голем момент не само за африканската држава, туку и за светскиот фудбал.

Зеленортските Острови, со површина од околу 4.000 квадратни километри, станаа најмалата земја која некогаш ќе настапи на еден Мундијал, надминувајќи го дотогашниот рекорд на Тринидад и Тобаго, кои во 2006 година настапија со површина од 5.000 квадратни километри.

Оваа репрезентација е и најмладата што ќе заигра на светската фудбалска сцена, првпат учествуваше во квалификации дури во 2006 година, а помалку од две децении подоцна, успеа да се најде меѓу најдобрите селекции во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот