Карпа, одрон / Фото: принтскрин / Охрид1

ВИДЕО | „Можеа да настрадаат луѓе“— џиновски карпи се срушија сред пат во Радожда

Неколку карпи се одронија од ридот и паднаа на патот кон селото Радожда, при што за малку беше избегната сериозна трагедија, објави Охрид1.

Инцидентот се случил пред два дена на една од најфреквентните патни делници кон селото, каде секојдневно поминуваат десетици возила и жители. За среќа, нема повредени. Мештаните велат дека можеле да настрадаат луѓе на местото и дека опасност сè уште постои. Бараат итна реакција од надлежните.

Екипи на ЈП „Македонија пат“ и Центарот за управување со кризи излегле на терен и работеле на расчистување на патот и обезбедување на просторот.

Дел од мештаните сметаат дека проблемот со години се игнорира, а како дополнителен фактор ја посочуваат и прекумерната урбанизација и несовесното градење во овој дел од крајбрежјето. Тие апелираат институциите што поскоро да преземат конкретни мерки за заштита на патот и безбедноста на граѓаните, пред да се случи трагедија со несогледливи последици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот