ВИДЕО: Моментот кога Путин успеа да го шокира министерот за одбрана Шојгу

шојгу фото принтскрин јутјуб

Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави силите за нуклеарно одвраќање во висока готовност ги шокираше дури и неговите лојални генерали, вклучувајќи го и самиот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Имено, кога Путин им ја соопштил својата одлука на генералот Валери Герасимов и на министерот за одбрана, на лицата на претставниците на армијата јасно се гледало вознемиреност.

Инаку, Путин како причина за ваквата одлука ги наведе „агресивните изјави на земјите од НАТО“. Висок официјален претставник на американската одбрана синоќа изјави дека потегот на Путин „потенцијално ги става во игра силите кои, доколку погрешно се процени, може да ги направат работите многу, многу поопасни“, пишува Дејли Меил.

Колку нуклеарно оружје има Русија во споредба со САД, Европа и остатокот од светот?

Со оглед на тоа што Русија има најголеми резерви на нуклеарно оружје во светот, оваа одлука ги вознемири членовите на меѓународната заедница.

Во соопштението, висок претставник на Белата куќа го опиша потегот на Путин како „уште една ескалација и целосно непотребен чекор“.

Од друга страна, Макс Бергман, поранешен функционер на Стејт департментот, овој чекор го оцени како предвидлив, но и дека се работи за опасно ризикување.

„Работите би можеле да излезат од контрола“, предупреди Бергман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот