ВИДЕО | Моќен вокал, импресивен настап: Одличен настап на Тамара Грујеска на Детската Евровизија

Фото: Инстаграм/Тамара Грујеска

Во тек е едно од најпрестижните европски музички натпреварувања Детскиот Евросонг, којшто се одржува во Ница, Франција.

Нашата претставничка Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи ми кој“ настапи шеста по ред, а во салата одекнуваше нејзиниот моќен вокал, кој ги одушеви сите. Со импресивен вокал и сигурен настап, Тамара достојно ја претстави Македонија.

За Тамара можете да се гласате под број 6 на веб-страницата www.jesc.tv

Последната рунда гласање ќе биде отворено во времетраење од само 15 минути по завршувањето на изведбата на последната композиција, на истата веб-страница.

Резултатите се добиваат како комбинација од онлајн гласовите на интернационалната публика (50 отсто од вкупните бодови) и поените од професионалните жирија (50 отсто од вкупните бодови).

Сите досегашни македонски претставници на Евровизија: „Proud“ нѐ направи горди, а цела Европа танцуваше на „Нинанајна“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот