ВИДЕО | Модриќ ќе се надева на бронзен крај, Меси оди на злато

Меси и Модриќ / Фото Jean Catuffe/Dppi / Zuma Press / Profimedia

Репрезентацијата на Хрватска синоќа не успеа да се пласира во големото финале на Светското првенство во Катар. Аргентинците предводени од капитенот Лионел Меси убедливо стигнаа до победа против немоќните Хрвати.

Со оваа победа Меси ќе игра на второто финале на Светско првенство во својата кариера. Легендарниот фудбалер синоќа влезе во историјата како играч со најмногу постигнати погодоци на светските првенства за репрезентацијата на Аргентина.

Хрватите во сабота ќе играат против поразениот од вечерашниот дуел меѓу Мароко и Франција, за третиот бронзен медал.

Најголемото изненадување на првенството, екипата на Мароко ќе се обиде повторно да ги расипе плановите на фаворизираниот противник, кој ја победи Англија во претходното коло.

Финалето се игра во недела во 20 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот