ВИДЕО | Милош Биковиќ влегува во музичките води: Српскиот актер сними песна со рускиот евровизиски победник
Пејачот Дима Билан, којшто ѝ донесе победа на Русија на Изборот за песна на Евровизија во 2008 година, сними песна со српскиот актер Милош Биковиќ.
Препорачано
Станува збор за нумерата „Добро пожаловать в рай“ на руски јазик, којашто е дел од саундтракот за руската серија „Дајте ми шоу“ („Дайте шоу“), во која глуми и српскиот актер.
Да потсетиме, Биковиќ ужива голема слава во Русија, каде важи за еден од најпопуларните актери и е „рамо до рамо“ со тамошните филмски ѕвезди.
Билан објави краток сегмент од видеозаписот, со којшто ја испромовира песната.
„Погледајте го спотот за мојата песната со Милош Биковиќ – „Добро пожаловать в рай“.
Ова е монолог-молитва на маж упатен до жена, во кој љубовта добива фатален облик: невозможно е да бидат заедно, но не можат да бидат и разделени.
Концептот на рајот во песната ја претставува идејата за среќна форма на постоење, која е различна за секого. Зборува за тоа како, во потрага по сон и претставата ‘Рај’, човек завршува на сосема погрешно место“, напиша Билан во својата објава на Инстаграм.


