Фото: EPA/DAVIDE CASETINI

ВИДЕО | Милан во финишот го урна Кремонезе со головите на Павловиќ и Леао

Фудбалерите на Милан денеска го победија составот на Кремонезе со 2:0 (0:0) во натпреварот од 27 коло од Серија А во Кремона.

Головите за Милан ги постигнаа српскиот фудбалер Страхиња Павловиќ во 90 минута и Рафаел Леао во судиското надополнување (90+4`).

Моментно е на второто место на табелата во италијанското првенство со 57 бода, додека Кремонезе е на 17 место со 24.

Во следното коло Милан на 8 март го очекува градското дерби против водечкиот во генералниот пласман Интер (67).

Кремонезе истиот ден ќе му гостува на тимот на Лече кој исто така се бори за опстанок во елитата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот